Европскиот совет и Европската комисија денеска треба да претстават изјава за вонредната состојба што премиерот Виктор Орбан ја воведе во Унгарија, поради епидемијата на коронавирус и влијанието на овие мерки врз основните права и слободи. Најавено е потоа на пленарна седница на Европскиот парламент да се расправа за ова прашање. На седницата е поканет и Орбан. Претседателот на ЕП, Давид Сасоли, во писмото испратено до Орбан вели дека, според правилата на Европскиот парламент, дискусиите од таков вид бараат учество на претседателот на државата или на владата на земјата за која се расправа.
Унгарија потпиша договор за кредит со Кина за изградба на железница
Тој додаде дека и покрај пандемијата, учеството не може да биде оддалечено, како што беше случај со конференцијата на претседателите на парламентарните групи. Но, Орбан вчера ја отфрли поканата. „Во моментот, борбата против пандемијата ја црпи целата моја енергија и сила“, изјави Орбан. На крајот на март, унгарскиот парламент донесе закон со кој му се дозволува Орбан да решава во ситуација на вонредната состојба во борбата против коронавирусот. Ваквите овластувања предизвикаа загриженост во Брисел.