Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
По веќе одобрениот обвинителен акт, како што соопшти денеска Кривичниот суд, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
До ЈО доставени информациите за доверливите документи пронајдени кај Ременски
Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко - Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Фросина Ременски.