Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обнови својата заложба дека ќе ги употреби сите расположливи средства за да ја продолжи забраната за продажба на конвенционално оружје на Иран и по октомври.
Во вчерашното соопштение испратено на двегодишнината од американското повлекување од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година. Помпео наведува дека по нивното повлекување САД изградиле „најсилни санкции во историјата“ и го спречиле Иран да го финансира тероризмот. Тој исто така наведува дека Американците се побезбедни, а на Блискиот исток е помирно отколку што би било ако САД не се повлекоа од договорот постигнат меѓу Иран и светските сили.
Помпео исто така се осврнува и на 75 годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, наведувајќи дека САД и сојузниците биле заедно тогаш, а сега ја повика меѓународната заедница да им се се придружи во „запирањето на најголемиот светски спонзор на антисемитизмот“. Иран инсистира дека нивната нуклеарна програма е само за цивилни енергетски потреби и постепено ги отрфла обврските кои произлегуваа од договорот од 2015 година.