Само лицата кои немаат врски завршуваат во државниот карантин, додека други се пуштени во куќна изолација, реагира денеска Алијансата за Албанците. Тие велат дека се огорчени од фактот дека Владата, дури и оваа ситуација, функционира со врски, делејќи ги граѓаните.
Тие велат и дека документите што мора да бидат потпишани за време на карантинот се само на македонски јазик, и покрај барањето на многу граѓани да ги добијат овие документи и на албански јазик. Бараат да се поништат пресудите за луѓето кои одбиле да го потпишат документот на македонски јазик, зашто имаат право да бидат информирани на јазик што го разбираат.