Руската министерка за култура Олга Љубимова е трет член на руската влада кој е заразен со новиот коронавирус. Таа има благи симптоми и е на домашно лекување, соопшти нејзиниот кабинет, а од Министерството додаваат дека Љубимова учествува на видео повици со останатите функционери.
Премиерот Михаил Мишустин и министерот за градежништво Владимир Јакушев минатата недела беа позитивни на КОВИД-19. Не е познато дали претседателот Владимир Путин имал средба со некои од заразените функционери. Путин од почетокот на пандемијата ги ограничи состаноците во живо и премина на видео состаноци со другите функционери.