Актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ се годинешните добитници на наградата „Златен објектив“ што Кинотеката ја доделува на филмски работници кои придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.