Германската влада соопшти денеска дека ги забранува на нејзина територија сите активности на либанското шиитско движење Херзболах. Тоа претходно од Берлин го побара САД и Израел. Досега беа забранети само активностите на военото крило на Хезболах, за кои земјите од Европската унија го сметаат за терористичко движење. Сепак, политичката гранка на Хезболах, која редовно организира протести и анти-израелски акции, досега беше активна. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ги забрани сите „активности на шиитската терористичка организација Хезболах во Германија“, соопшти неговиот портпарол на Твитер. Според него, заклучно со ова утро започнале неколку полициски операции во различни области на Германија.
За Русија нападите на САД во Ирак и Сирија се неприфатливи
Германските медиуми објавија дека се вршат операции во три џамии во Берлин, Бремен и Минстер, како и во еден либански иселенички центар во Дортмунд. Основан во 1982 година за време на Либанската граѓанска војна, Хезболах се бори против Израел и е близок со Сирија. Во Германија има околу 1.000 членови на Хезболах и тие собираат пари, регрутираат симпатизери и организираат протести во кои се бара уништување на Израел.