Министерството за финансии соопшти дека поддршката од Светска банка за Македонија за справување со последиците од ковид-19 кризата, ќе изнесува околу 140 милиони евра. Околу 90 милиони евра ќе се наменат за нов проект за брзо дејствување против ковид-19, а останатите 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“ за работодавачи и самостојни вршители на дејност.
Работничките права „жртва“ на коронавирусот
Како што соопшти Министерството за финансии, за ова било дискутирано, во рамки на виртуелните Пролетни средби на ММФ и Светска банка, на состанокот на потпретседателот за Европа и Централна Азија на Светска банка Сирил Милер со вицепремиерката Радмила Шекеринска, вицепремиерката за економија Мила Царовска, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска. На состанокот учествувала и наследничката на Милер, Ана Бјерд, која од 1 мај ќе ја преземе неговата функција, по завршување на неговиот мандат.