Русија денеска забележа нов рекорден дневен раст на новозаболени. Во последните 24 часа се евидентирани 6.411 новозаразени со коронавирусот, соопшти рускиот Кризен штаб.
Русија ја надмина Кина во бројката на заболени од Ковид 19
Според штабот, бројот на заразени пациенти сега изнесува 93.558. Русија во последните 24 часа регистрираше и најголем број починати пациенти до сега - 72, со што бројот на жртви од Ковид-19 во Руската федерација се искачи на 867.