Бројот на загинати во најсмртоносното масовно пукање во историјата на Канада се искачи на 22, соопшти канадската полиција, која и понатаму се обидува да го открие мотивот на 51-годишниот напаѓач Габриел Вортман, за завчерашниот 14-часовен крвав „поход“, пренсе АП.
Дел од убиените, меѓу убиените се и еден тинејџер, бремена здравствена работничка и искусна полицајка, Вортман ги познавал, информираше канадската полиција, која првично објави дека се убиени 16 луѓе на исто толку различни локации низ Нова Шкотска, но потрагата по евентуални жртви продолжи и во неколку изгорени куќи.
Според полицијата, истрагата би можела да трае со месеци, а се уште нема ниту информации за мотивот на Вортман.