Полицијата уапсила 14 лица на антивладините протести во Сантијаго, Чиле. Протестите започнаа во октомври минатата година по зголемувањето на цените на билетот за метро возење. Но, ширењето на коронавирусот и мерките за негово спречување ги замолчија масите.
Полицијата соопшти дека апсењата биле оправдани бидејќи се забранети собири на јавни места. Здравствените власти забранија собири на повеќе од 50 лица, а навечер има и полициски час. Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера беше цел на критики на почетокот на април кога објави фотографии на празен плоштад во услови на строги мерки.