Германската канцеларката Ангела Меркел денеска ги повика Германците да останат дисциплинирани во борбата против пандемијата на коронавирус. Земјата започна да олеснува дел од мерките, но Меркел предупреди дека има долг пат до победа над вирусот.
Во следните две недели треба да се види дали делумното ублажување на мерките ќе доведе до зголемување на бројот на заразени, рече денеска Меркел пред новинарите.
Таа вели дека во овој момент не може да го следат секој кластер на заразени.
Светските влади дискутираат како да го враќаат животот во нормала
Во Германија од денеска им е дозволено повторно да работат на продавниците со површина до 800 квадратни мерки, автосалоните, продавниците за велосипеди, книжарниците. Отворањето на дел од продавниците е по договор меѓу сојузната влада и владите на сојузните држави. Владите на сојузните држави се одговорни за воспоставување и за укинување на мерките, па затоа има и разлики меѓу регионите.
Во некои региони учениците ќе полагаат завршен испит, но не се очекува школите да почат со работа уште најмалку две недели.
Германија е на петто место во светот по број на дијагностицирани со Ковид -19, но успеаја бројот на смртни случаи да го држат на ниско ниво.
Во земјата има 141.672 дијагностицирани, а починале 4.404.
Меркел денеска изјави и дека колку Кина е потранспарентна во однос на потеклото на коронавирусот, толку подобро ќе биде тоа за остатокот од светот, за да научат нешто од тоа.