Забраната за движење на територија на целата држава не ја почитувале 77 луѓе во текот на изминатото деноноќие, соопштува МВР. Од нив 46 луѓе се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Почна 85–часовниот велигденски карантин
Како што соопшти МВР, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Контролите на луѓе што се во изолација и самоизолација покажале дека сите ги почитуваат мерките.