Во Дебар 12 дена по ред нема новодијагностицирани со Ковид 19, со што бројката останува на 49.
Во исто време расте бројот на оздравени лица кои беа на домашно лекување. Во последните два дена тој број изнесува 15 , со што вкупната бројка на оние кои ја добиле битката со опасниот вирус се зголеми на 31 лице.
Градоначалникот Хекуран Дука вели дека и понатаму да се почитуваат сите мерки и препораки.
„Иако Дебар и Центар Жупа ја поминаа кризната состојба, населението не треба да се однесува со триумфализам, бидејќи продолжува проблемот со кризата со опасниот вирус. Граѓаните треба да бидат и понатаму дисциплинирани и да ги почитува владините мерки“, рече Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини, кои се под надлежност на Одделението за внтарешни работи Дебар, продолжува да биде стабилна.