Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Централна Африканска Република, Чaд, Коморски острови, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик, Непал, Нигерија, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сиера Леоне, Соломонски острови, Таџикистан, Того и Јемен се првите земји кои се најдоа на листата на ММФ кои ќе добијат неповратни средства за да ги прилагодат своите буџети во справување со пандемијата од корона вирусот.
Директорката на ММФ Кристалина Георгиева изјави дека на овие 25 земји иницијално ќе им бидат уплатени неповратни средства заради полесно сервисирање на нивните долгови кон Фондот, во текот на следните шест месеци, за да можат своите државни буџети да гинасочат кон виталните здравствени и други потреби.