Еден ден по укинувањето на кризната состојба, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ги посетија општините Дебар и Центар Жупа, изразија сочувство до семејствата на почиатите и ги пофалија жителите да двете општини дека биле добрап пример за почитување на вонредните мерки за заштита.
Како што јави нашиот дописник од Дебар, позитивни критики за работата во пандемијата добиле и градоначалниците и Кризните штабови.
„Владата има соодветни мерки за справување со коронавирусот како во овие две општини така и на целата територија во земјава“, рече Спасовски и додаде дека треба да се почитуваат мерките на владата како и потребната социјална дистанца.
Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа
Заменикот премиер Бујар Османи истакна дека Владата имала постојани контакти со градоначалниците и со кризните штабови и дека владините програми во оваа состојба ќе поомогнат на стопанството во целина .
„Владата има огромно значење во подршката што ни ја даде за време на целиот месец, така што состојбата видно е смирена“, рече градоначалникот на оппштина Центар Жупа, Арјан Ибраим .