Британскиот премиер Борис Џонсон е негативен на тестот за присуството на новиот коронавирус Ковид-19, соопшти денеска неговиот портпарол.
Тестирањето при напуштањето на болница и стандардна медицинска пракса, наведоа од службата за односи со јавноста на Џонсон, јавува германската агенција ДПА.
Поради влошена состојба британскиот премиер Џонсон префрлен на интензивна нега
Британскиот премиер помина една недела во болница, а неколку дена и на интензивна нега откако се зарази со коронавирусот, а по излегувањето рече дека им го должи животот на лекарите. Дека е болен од Ковид-19 беше потврдено на 27 март. До денеска пак во Велика Британија има повеќе од 85 000 заболени, а починаа над 10 000 луѓе.