Пациентите заразени со новиот коронавирус САРС-КоВ-2 кои живееле во области со големо загадување на воздухот пред појавата на пандемијата, се повеќе изложени на смртноста на инфекцијата отколку оние кои живеат во почиста средина. Новата студија на американските специјалисти од Школата за јавно здравје Т. Х. Чан на универзитетот Харвард за прв пат нуди јасна врска помеѓу долгорочната изложеност на загадувањето и ковид-19.