Избувнувањето на коронавирусот ќе доминира на агендата на Европската унија кога Германија ќе го преземе претседателството на ротирачкиот совет подоцна оваа година, напиша германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во напис објавен на 12 април.
„Ќе направиме со „корона претседателството“ да ја надминеме короната и нејзините последици“, напиша Мас во германскиот весник „Ди Велт.“
Германија го презема претседателството на 1 јули од Хрватска. Мас го критикуваше справувањето со кризата од страна на САД, додека исто така ја обвини Кина за преземање „многу авторитарни мерки.“
Пандемијата се прошири во 214 земји, со над 1,77 милиони инфекции и 108.800 смртни случаи.
Постепеното и координирано намалување на ограничувањата за патување ќе биде една од привите задачи „штом ќе бидеме надвор од шумата“, вели Мас.
Блокот исто така ќе треба да извлече поуки од кризата, како што е подобрување на цивилната заштита на ЕУ и заедничка набавка и производство на медицинска опрема, додава тој.
Исто така треба да се „исправат грешките“ што ги изложи кризата, напиша тој укажувајќи на ограничувањата на демократијата и владеењето на правото „под маската на борбата против короната, кои се неприфатливи во Европа.“