Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија се „блиску да се договорат“ за цената на нафтата. Трамп претходно телефонски разговарал за ова со рускиот претседател Владимир Путин и со саудискиот крал Салман, при што оцени дека разговорот бил добар.
Саудиска Арабија ги отфрла обвинувањата на Русија за нафтата
ОПЕК и Русија бараат да се постигне масовно намалување на производството поради падот на цените и пандемијата на коронавирусот. Светската хиперпродукција на нафта, во комбинација со економската криза предизвикана од вирусот, доведе до пад на цените на нафтата на најниско ниво од 2002 година.