Дел од членовите на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за коронавирус, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство, изјави денеска министерката за финансии, Нина Ангеловка.
Видео - Заев и Мицкоски во домашна изолација поради коронавирус
„Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ. Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме го имаме министерот за здравство кој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени. Во Владата секако дека на дневно ниво сме во релација и ова на долг рок нема да го издржиме да беагаме еден од друг и во овој период мора да се заштитиме и затоа и кога ги имаме сотатноците сите седиме на два метра и сите носиме маски. Ако погледнете целата влада е адаптирна да ја држиме таа дистанца и да ги почитуваме сите препрораки и се што треба да преземеме“, рече министерката Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.