Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој е за поддршка на зголемување на буџетот на ЕУ, изјави дека во актуелната криза со пандемијата станува збор за здравјето на луѓето, за живот и смрт, и затоа кон тоа треба да се има сосема поинаков однос од сите други претходни кризи во ЕУ.
Тој за австрискиот весник „Стандард“ рече дека е потребно „масовно зголемување на буџетската рамка на ЕУ до 2027 година и дека предлогот на Европската комисија веќе не е доволен“.
Продолжува министерскиот состанок на ЕУ за економскиот одговор на кризата
Долгогодишниот шеф на Еврогрупата вели дека тој во основа го поддржува концептот на европски обврзници и дека тој самиот ги предложил во евро-кризата во 2010 година, но додава дека такво нешто не може да се направи преку ноќ.