Притвореник од казнено поправната установа во Шуто Оризари починал од срцев удар, кој што немал симптоми на Ковид 19, но постхумно е утврдено дека бил позитивен на коронаворусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека денеска е во тек епидемиолошка анкета во затворските одделени во Шуто Оризари за тоа кој друг од оваа установа биле во контакт со него. Бројот на починати од Ковид 19 денеска се искачи на 30, вклучувајќи ја и родилката од Куманово која почна вчера. Бројот на новозаразени од Ковид 19 изнесува 46 со што вкупниот број достигна до 663.
Министерот Филипче изјави дека во болницата Осми септември се хоспитализирани 25 пациенти од кои пет се во тешка состојба, а во битолската болница се примени петмина од кои на еден пациент му било потребна кислородна поддршка. На Клиниката за инфективни болести примени се пет нови пациенти, со што вкупниот број изнесува 68. Со потешка здравствена состојба се 20 пациенти, од кои 7 се во критична фаза и се приклучени на респираторни машини. Хоспитализирана е и мајка и четиримесечно бебе. Тој додаде и дека во Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19.
Во однос на празниците кои следуваат министерот најави посилни рестриктивни мерки, односно дека во тој период ќе важат истите мерки како за викенд.
Филипче нагласи дека мерките кои ги спроведувале се строги, но, како што вели, Владаа се подготвува и за периодот кон крајот на април кога се очекува да биде пикот на болеста.Тој додаде дека се поготвуваат и планови за постепено нормализирање на општествениот живот потоа, со цел да се избегне повторен бран на заболени. Тоа значи дека нема наеднаш да се вратат работите во нормала бидејќи секогаш постои ризик и за втор пик.