Европските влади не успеаа денеска да се согласат за мерките за помош на економијата за време на пандемијата на коронавирусот, прекинувајќи го состанокот на министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ, кои се судрија околу условите за помош и предлогот за заеднички заем за плаќање на здравствената криза.
СЗО: Во Европа има над 687.000 заразени со коронавирус
Владите на земјите членки на Унијата се обидуваат да соберат стотици милијарди евра за да спасат не само животи, туку и компании и семејства од банкот, но се со поделени мислења како тоа да се реализира. Италија и Шпанија, на пример, поддржани од Франција, сакаат да се стави целата економска моќ на ЕУ во борбата против вирусот и последиците од пандемијата што поскоро.