Директорката на Агенцијата за лекови и медицински средства - МАЛМЕД, Висаре Риза, изјави денеска дека во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во МАЛМЕД. На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, директорката Риза информираше дека се користат тестовите за одредување на присуство на вирусот и тестовите за присуство на антитела.
ВИДЕО - Во потрага по терапија против коронавирусот
„Покрај тестовите кои служат за одредување на присуство на вирусот во организмот, постојат и тестови кои се имунолошки и кои може да го утврдат присуството на антитела. Едно правно лице има доставено до МАЛМЕД барање за запишување во регистарот и постапката е во тек“, рече Риза, одговарајќи на новинарско прашање.