Жители на Дебар се сомневаат дека лица за кои се знае дека се заразени од коронавирус се шетале низ градот вчера, јави нашиот дописник од Дебар.
На ова денеска се осврна и градоначалкникот на Дебар Хекуран Дука. „Имаме неофицијални информации дека низ Дебар се шетаат лица болни од Коронавирус и покрај тоа што се во домашна излолација,, рече Дука на средбата со новинарите по одржувањето на седницата на Општинскиот кризен штаб .
Според градоначалникот Дука, и покрај тоа што полицијата ги контролира домовите на лицата кои се изолирани , недговорните лица , наоѓаат моменти на смени на патролите за да излезат надвор . Тој предупреди дека најостро ќе бидат казнети лицата ако тоа се утврди . Инаку дебарскиот градоначалник соопшти дека и денеска нема нови заболени од Ковид 19, и додаде дека бројот на болните досега е 49 од кои 4 починати и 14 излекувани.
Во овој момент во изолација се 13 лица кои се болни и имаат решение на Заводот за јавно здравје и 73 лица кои се самоизолирани .