Американскиот центар за контрола и спречување на болести препорача Американците во јавност да носат маски затоа што тоа помага во спречување на ширењето на коронавирусот. Новата препорака беше објавена вчера откако експертите ја доведоа во прашање одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да не ги поттикнува луѓето да носат маски како што тоа го прават повеќе земји.
Трамп и Белата куќа со нови анти-корона мерки
Во соопштението од Центарот е наведено дека коронавирусот може да се рашири меѓу луѓето кои комуницираат со близок контакт, а при тоа да не покажуваат симптоми. Центарот им препорачува на луѓето, покрај маски или ткаенини која покрива дел од лицето со цел заштита на устата и носот на места каде што физичка дистанца е тешко да се одржи. Претходно претседателот Трамп во обраќање истакна дека не е задолжително носење на маска и дека таква мерка не треба да ја замени мерката одржување на физичка дистанца.