Министерството за здравство соопшти дека е негативен резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која е заболена од коронавирус. Бебето кое е недоносено се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство. Родилката кој е од Куманово и е на возраст од 27 години, како што наведуваат од министерството, се наоѓа во стабилна состојба.
30 новозаразени со коронавирус во Македонија
„Таа беше спроведена и породена во изолација, заради фактот што како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. При приемот, на пациентката освен комплетната лабораторија, веднаш и е земен брис за Ковид- 19. На Клиниката за гинекологија и акушерство со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на суспектен или заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот, информираат министерството.