Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти што се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети, болницата „8-ми Септември“ во Скопје“, информираше министерот.
ТЕСТ: Колку знаете за коронавирусот?
Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 59 пациенти што претставува една четвртина од расположивите капацитети само на оваа локација, што значи дека овие институции располагаат со доволно капацитети, но и со инфектолози специјалисти по инфективна медицина и обучен медицински персонал.