Европската Комисија веќе работи на подготовката на рамката за преговорите со Северна Македонија и со Албанија, откако минатиот месец лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за преговори, јави МИА од Брисел. Ова, според МИА, го потврдила и портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.
„Комисија сега ги подготвува предлозите за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, кои ќе ги одразуваат принципите врз кои се темелат преговорите. Комисијата планира да ги презентира заедно со извештаите за проширувањето“, изјавила за Писонеро.
Поради кризата со коронавирусот неизвесно е сѐ уште кога точно ќе бидат објавени овие извештаи, иако се очекува тоа да биде пролетва.
Жбогар: Преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него
Борел: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан, честитки за С. Македонија за НАТО членството
Датумот на првата Меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје на преговорите, треба да го договорат земјите членки на ЕУ откако ќе ја усвојат преговарачката рамка.
„Ставот на Европската Комисија е дека тоа треба да се случи најбрзо што е можно откако ќе се усвојат преговарачките рамки. Процесот на проширување е цврст и заснован на заслуги. Комисија очекува реформите во двете земји да продолжат, вели портпаролката за проширување во ЕК”, вели Писонеро за МИА.