Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус. Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи Хасан Адемов. Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и пратениците денеска и утре ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија.
Бугарија ја укина наредбата за носење маски
Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде решено дали ќе се затвори Парламентот и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април.