Најмалку седум цивили загинаа, а двајца се повредени денеска при експлозија на бомба поставена покрај патот во авганистанската провинција Хелманд, соопштија локалните власти, пренесе АП.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Омар Цвак изјави дека нивниот минибус налетал на бомба поставена покрај патот во областа Грешек. Тој истакна дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Според локалните власти, талибанските бутовници контролираат огромна територија во покраината Хелманд, вклучувајќи го и округот Грешек.