Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што пишува весникот Данас, денеска треба да ги претстави економските мерки за ублажување на последиците по стопанството од пандемијата со коронавирус.
Вучиќ: во Србија е можен и 24 часовен полициски час
Тој деновиве најави дека пакетот ќе биде во вредност од околу пет милијарди евра. Како што рече, државата за сите вработени во претпријатијата, мали и микро ќе им плаќа минимална плата во наредните три месеци, без оглед дали работеле.