Црногорските власти воведоа забрана за движење како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 часот до понеделник наутро, соопшти Владата на Црна Гора, на својот официјален Твитер налог.
Итна помош од ЕУ за Западен Балкан поради Ковид-19, за С. Македонија 66 милиони евра
Забраната ќе важи две недели и не се однесува на лица кои работат во јавни служби и обезбедуваат услуги од јавен интерес.