Повеќе од половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот откако започна пандемијата во декември, објави Франс прес, повикувајќи се на официјални податоци. Инфицирани се вкупно 501.556 лица, од кои 22.920 починале во 182 земји и територии низ целиот свет. Во Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, заразени се 81.255 луѓе, од кои 3.278 умреа. Италија има највисока стапка на смртност, заразени се 80.539 лица, а починале 8.165. Во САД почнаа 1.070 луѓе, а 82.400, се заразени. Повеќе од 15.000 луѓе починале во Европа, со најголем број смртни случаи во Италија, Шпанија и Франција. Париз оценува дека бројот на пријавените не го одразува вистинскиот број на пациенти, бидејќи многу земји тестираат само лица кои имаат потреба од болничка нега.