Вицепремиерот за европски прашања, Бујар османи, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за датумот на Македонија за преговори со ЕУ, рече дека започнувањето на преговорите има три моменти, одлука за почнување на преговорите, преговарачка рамка и ден кога се одржува меѓувладината конференција кога формално започнуваат преговорите.
Респиратори од ЕУ, Норвешка и Кина, помош доаѓа и од Брисел
„Ние вчера добивме одлулка за почнување на преговори, нешто што не можеше да се направи во изминатите 15 години. Според најавите што јас ги имав претходно пред пандемијата, планот за нас беше првата меѓувладина конференција да се одржи некаде во јуни. Бидејќи сега Советот даде мандат на Комисијата да подготви преговарачка рамка, таа треба да се усвои и да се одржи меѓувладина конференција на која јас како шеф на државната делегација би присуствувал во Брисел пред земјите членки и би ги презентирал нашите позиции. Но сега заради пандемијата кога ќе се одржи таа меѓувладина седница не може да се каже, бидејќи целиот свет, па и ЕУ функционира во вонредни услови“, рече Османи.
Прашан дали преговарачките тимови може брзо да се преструктуираат за работа по новата методологија, односно наместо по поглавја по кластери, вицепремиерот Османи истакна дека тоа може да се направи во кус период, но оти сега е прашање како ќе се справиме со пандемијата за да се создадат непречени услови за работа.