Бројот на починати од коронавируост на светско ниво се искачи на 15.000 луѓе, а повеќе од 350.000 се заразени од новиот вирус.
Европа продолжува да биде светско жариште, бидејќи и денеска продолжува да се зголемува бројот на заболени и смртни случаи во Италија, Шпанија, Франција и Германија.
Според податоците собрани од универзитетот Џон Хопкинс, во Италија има најголем број на смртни случаи - 5.476 2 и повеќе од 59.000 заразени. Претходно Кина, каде што и избувна вирусот, беше светско жариште, со 3.274 смртни случаи досега.
На трето место по заразени од вирусот во светот е САД, со повеќе од 35.000 потврдени случаи, вклучувајќи 471 смртен случај, соопшти денеска Американскиот центар за контрола на болести.
Шпанија, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, објавени денеска, е на четврто место по број на заразени луѓе со Ковид-19. Таму имаповеќе од 33.000 заразени и 2.182 починати од коронавирусот.
Во Сирија и во Појасот Газа се потврдени први случаи на коронавирус, предизвикувајќи загриженост оти во овие региони има преполни кампови за раселени лица, а болнички систем во Сирија речиси и не функционира поради долгогодишната војна. Засега Иран продолжува да биде најтешко погодената земја на Блискиот исток.
Министерството за здравство на Иран денеска објави дека уште 127 Иранци починале од коронавирусот, со што бројката на починати достигна 1.812 луѓе.