Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владата денеска ќе одлучува за построги рестриктивни мерки

Македонската влада на вчерашната седница донесе неколку заклучоци поврзани со ширењето на коронавирусот во Македонија, каде што според последните вчерашни податоци, има 76 потврдени случаи.



Шестмина нови позитивни на коронавирус, вкупно 76


Владата ја задолжи Комисија за заразни болести да подготви предлог мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус, како што се забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење и  да ги достави до Владата за денешната седница.



Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, пак, владата ги задолжи да направат детален оперативен план за спроведување на најстрогите рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата.



„Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка“, се наведува во владиното соопштение.


Од таму информираат и дека за да им се обезбеди можност да се вратат во земјата на македонските државјани во странство, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.



„Плаќањето на авионската карта за организираниот лет ќе биде на товар на патникот, додека трошоците за сместување, транспорт од аеродром и храна ќе бидат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија“, наведуваат од Владата.


Според владините заклучоци објектите за карантин ќе бидат обезбедувани од војска и полиција, сите лица кои ќе бидат сместени таму ќе бидат најмалку 15 дена, во иста просторија ќе има најмногу двајца, ќе им биде доставувана храна, а хигиената ќе си ја одржуваат сами.




На граѓаните чии патни исправи, лични карти и возачки дозволи им се со истечен рок ќе им се продолжи времетраењето додека трае вонредната состојба. Денеска се очекува нова седница на Владата на која ќе се донесат и нови мерки. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus