СЗО ги предупреди младите дека и тие се ранливи од коронавирусот
Пандемијата ги засегна животите на луѓето низ цел свет, а во обид да се спречи ширењето на вирусот е ограничено движењето на голем дел од популацијата, затворени се школите, бизнисните, а милиони луѓе се принудени да работат од дома. Други, пак, веќе ги изгубија своите работни места.
Иако повозрасните и оние со претходни заболувања се најпогодени од вирусот, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги предупреди младите дека и тие исто така се ранливи.
"Денеска имам порака до младите: не сте непобедливи. Вирусот може да ве остави во болница со недели, па дури и да ве убие“, рече Тедрос.
Во меѓувреме Европа останува центар на пандемијат, а бројот на потврдени заболени случаи во светот се искачи на 275 000 луѓе.