Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Таткото на девојчето заболено со коронавирус апелира да престане говорот на омраза за нивниот случај

Драганчо Златков, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив.


„Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија добивме е маил во вторникот, во којшто не известуваат да се прегледаме, бидејќи имаат регистрирано случај на заболен родител на дете во градинката, каде што беше згрижена и мојата ќерка. Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме британски државјани и имаме здравствено осигурување и во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај“, вели Златков.


Побара да престанат дезинформациите, шпекулациите и говорот на омраза за и околу нивниот случај. Тој за МИА вели дека откако ја добиле електронската пошта од градинката веднаш неговата сопруга побарала да се тестираат во Центарот за јавно здравје-Штип.


Инаку изминатите денови неговото детето било во самоизолација и не е излезено од домот. Златанов вели дека од неговото семејство покрај неговата ќерка, позитивна е и една од бабите, додека за неговата сопруга и нејзиниот татко синоќа се пристигнати резултатите и се позитивни на Ковид-19. Забележа дека во земјава неговото семејство не е пристигнато за да биде на товар на македонскиот здравствен систем, како што од завчера ги слуша и гледа коментарите на одредени медиуми и на социјалните мрежи. Потенцираше дека финансиите на неговото семејство не се проблем, тие во Англија имаат хотел и сопствена такси компанија и се здравствени осигуреници таму.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus