Германија и понуди помош на Франција за болните од коронавирусот
Портпаролот на министерството за здравство денеска потврди дека гуверенерот на провинцијата Винфрид Кретшман и понудил помош на Франција која се соочува со зголемен број заболени од коронавирусот и недостиг на болнички кревети. Тој рече и дека властите побарале од болницата пациентите од Франција кои имаат потреба од респиратор да бидат сместени на слободните кревети.
Според последните информации во Франција има над 12 600 заболени и 450 починати, а во Германија околу 16 600 се заболени од коронавирусот, а досега починале 47 луѓе.
СЗО ги предупреди младите дека и тие се ранливи од коронавирусот