За 24 часа 5000 ново заболени од коронавирус во Шпанија
Здравствените власти соопштија дека од вирусот се заболени 24 926 лица, а досега починале 1326 луѓе. Најпогоден е Мадрид со речиси 9000 потврдени на коронавирусот.
СЗО ги предупреди младите дека и тие се ранливи од коронавирусот
Шпанија воведе мерки за рестрикција на движењето и ги затвори повеќето продавници, но властите очекуваат дека бројот на заболени ќе продолжи да расте пред мерките да дадат резултат. Според последните податоци од коронавирусот во светот досега се заболени повеќе од 275 000 луѓе, а над 11 400 починале.