Османи бара помош од ЕУ за справување со коронавирусот
„Сега засега мерките кои ги презема Владата во справување со пандемијата КОВИД 19 даваат ефикасни резултати, но со оглед на растечкиот број на заболени во земјата, во периодот што претстои, земјата ќе има потреба за дополнителни медицински средства, материјали и опрема за соодветна теренски активности, за кои сметаме на помошта до механизмот за цивилна заштита на ЕУ“, стои во писмото.
Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Република Северна Македонија е членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, од каде и претходно, во 2016 година, користеше помош за време на поплавите во скопскиот регион.
МЗ: Нови девет случаи на коронавирус, вкупно 85 заболени
Според пресекот што го објави Министерството за здравство денеска до 12 часот во Македонија има 85 потврдени случаи на коронавирусот, а според местото на постојано живеење, случаи има во шест градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.