Зошто Италија- факторите зад коронавирус катастрофата
Италија ќе ги продолжи ограничувањата поради влошување на кризата со коронавирусот
Еден од факторите, кои секој ги споменува е просечната старост, односно, 45,4 години што е повисока од каде било во Европа.Таа исто така е седум години повисока од таа во Кина и повеќе од тоа во Јужна Кореја.
Според податоците од петокот просечната возраст на починатите од коронавирус во Италија е 78,5 години. Но, Јапонија е уште постара нација од Италија и таму просечната возраст е 47,3 а има само 35 официјално регистрирани смртни случаи така што не е само до возраста, посочуваат научниците. Според некои од нив е што првите заразени се јавиле во Италија, а не во друг дел од Европа, па надлежните немале искуство со што се соочуваат.
СЗО ги предупреди младите дека и тие се ранливи од коронавирусот
Следната причина, пишува АФП е што вирусот се шири доста побрзо од она на што може да одговори здравствениот систем. Последната причина која ја наведува француската агенција е недостигот на тестови за коронавирусот. Инаку во светот до денеска се потврдени повеќе од 275 000 случаи, а повеќе од 11 500 починале. Најмалку 88 000, пак, се оздравени.
Расте бројот на заболени од коронавирусот во Африка