По откриените триесетина случаи на граѓани кои не ја почитуваа наредбата за домашна изолација, премиерот Оливер Спасовски во емисија на телевизијата Телма најави дека од утре несовесните граѓани ќе бидат автоматски префрлани во центрите за карантин и кривично ќе одговараат.
„Секој кој нема да биде во самоизолација, при проверка на полиција, директно ќе се носи во центро за изолација. Овие мерки ќе ги воведеме од утре“, изјави Спасовски.
Тој соопшти и дека парк шумата Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани.