Министерството за здравство информира дека резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.
Денеска се тестираа пациенти од Куманово,Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани. Тие пристигнале пред неколку дена од Швајцарија, Германија и Австрија.
Како што се наведува во соопштението од ресорното министерство тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува.