Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални рече дека се замрзнати неговите финансии, како и финансиите на неговата сопруга, дете, родителите и на шефот на неговата Антикорупциска фондација. Тој вели дека за ваквиот потег нема објаснување туку дека е за да го дискредитира и да го посрамотат.
Критичарот на Кремљ денеска на својата интернет страница напиша дека се блокирани банкарските сметки и платежните картички на неговото семејство и на семејството на шефот на фондацијата Иван Жданов. Истовремено Навални наведува дека добил информација оти милијардерот Олег Дерипаска, кој има силни врски со руското државно раководство, го тужи од непознати причини.
И московскиот суд потврди - Организацијата на Навални е „странски агент“
Опозиционерот го обвинува рускиот претседател Владимир Путин дека ја оркестрирал ситуацијата наведувајќи дека преку замрзнувањето на сметките, Кремљ се обидува да ги спречи активностите на неговата Антикорупциска фондација.