Во Израел денеска се одржуваат трети избори за помалку од една година во обид да се најде решение за политичкиот ќорсокак. На нив, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е обвинет за корупција, се обидува повторно да освои мнозинство гласови. Изборите следуваат само две недели пред почетокот на судењето за корупција, измама и уривање на довербата.
Испитуваата на јавното мислење покажуваат дека Нетанјаху нема изгубено многу од довербата која ја доби на изборите во април и септември. Повеќето анкети предвидуваат тесна трка меѓу неговата партија Ликуд и центристичката партија Сино и бело на поранешниот воен шеф Бени Ганц.
Ниту една од страните не се очекува да освои 61 место во парламентот со што сама би го имала мнозинството во Кнесетот и ќе мора да коалицира со помалите партии. До тоа коалиција, пак, не можеше да дојде по последните две гласања.