Словаците во сабота гласаат на парламентарни избори кои се очекува да донесат промена во владејачката гарнитура на земјата. Екстремната центродесничарска партија чии членови се поздравуваат со нацистичко салутирање и која сака Словачка да ја изнесе од Европската унија и од НАТО се прогнозира дека ќе го зголеми бројот на пратеници во парламентот во кој има 150 места и ќе стане трета партија во земјата која има 5,5 милиони жители.
Според последните испитувања на јавното мислење центродесничарската Обични луѓе, предводена од Игор Матович е пред Социјал демократската партија „Смер“ на поранешниот премиер популистот Роберт Фицо.Неговата партија беше на власт во последните 14 години и освои 28,3 отсто од гласовите на последните избори во 2016 година по кампањата која се основаше на анти имигрантски пораки.
Словачка- осомничен за убиството на новинарот Куцијак призна вина
Но, партијата доживеа пад во поддршката по убиството на истражувачкиот новинар и неговата сопруга. Сегашните коалициски партнери на Фицо, ултра националистичката Словачка национална партија и партијата на етничките Унгарци, според испитувањата на јавното мислење можно е да не освојат ниту едно пратеничко место.