Германските власти соопштија дека 52 лица се повредени откако човек со возило влета во насобраните на карневалот во западната држава Хесе. Полицијата сооопшти и дека меѓу повредените во вчерашниот инцидент во градот Фолкмарзен има 18 деца. 35 луѓе се уште остануваат во болница. Обвинителството соопшти дека повредените се на возраст од две до 85 години. 29-годишниот германски државјанин кој влета во толпата е приведен под сомнение за убиство. Неговиот мотив се уште е непознат, а надлежните ги отфрлија наводите дека бил пијан. Полицијата соопшти дека е приведен и друг маж кој снимал додека се случувал инцидентот.